Меморандум за зајакнување на соработката во областа на земјоделството беше потпишан во вторник меѓу Република Македонија и Руската Федерација. Документот го потпишаа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски и рускиот министер за земјоделство, Николај Фјодоров. Меморандумот за зајакнување на соработката во областа на земјоделството е прв конкретен чекор во практично спроведување на спогодбата за соработка во делот на земјоделството, шумарството и водостопанството помегу ресорните министерства. Со него ќе се поттикне развојот на научно-техничката соработка во областа на земјоделството, ќe се разменат информации и искуства од областа на семенарството, понатаму ќе се развие соработка во областа на заштитата на растенијата, лозарството, органското земјоделско производство, контрола на безбедноста и квалитетот на производството на земјоделските производи и друго.
Меморандум за зајакнување на соработката во областа на земјоделството беше потпишан во вторник меѓу Република Македонија и Руската Федерација.
Документот го потпишаа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски и рускиот министер за земјоделство, Николај Фјодоров.
Меморандумот за зајакнување на соработката во областа на земјоделството е прв конкретен чекор во практично спроведување на спогодбата за соработка во делот на земјоделството, шумарството и водостопанството помегу ресорните министерства.
Со него ќе се поттикне развојот на научно-техничката соработка во областа на земјоделството, ќe се разменат информации и искуства од областа на семенарството, понатаму ќе се развие соработка во областа на заштитата на растенијата, лозарството, органското земјоделско производство, контрола на безбедноста и квалитетот на производството на земјоделските производи и друго.
Соработката ќе се спроведува во повеќе форми, како што е размена на научни кадри, јакнење на капацитети, заедничко организирање симпозиуми, како и реализација на заеднички истражувачки проекти.
Двете страни ќе ги засилат и поддржат инвестициите, како и трговско - економската соработка во областа на земјоделскиот сектор врз основа на одредбите на внатрешното национално законодавство и меѓународните договори на двете земји, а во рамките на своите надлежности ќе создаваат поволни услови за успешен развој на проектите за билатерална соработка.
Двајцата министри го нагласија значењето на потпишаниот меморандум за зајакнување на соработката во областа на земјоделството, кој рамковно правно ја определува соработката во сите области од земјоделскиот сектор.
Тие истакнаа дека ова е прв правен инструмент склучен мегу двете министерства, кој исклучително позитивно ќе се одрази во делот на соработката на државно ниво како и од аспект на задоволување на пазарните потреби на стратешки производи.